Од направените 3.856 тестови во последните 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на ковид-19, од кои во Скопје – 8, во Куманово – 3, во Прилеп, во Тетово, во Битола, во Гостивар, во Охрид, во Виница и во Кратово по двајца, додека во Велес, во Радовиш, во Делчево и во Демир Хисар по еден.
Од Министерството за здравство (МЗ) информираат дека се регистрирани 50 оздравени пациенти, а пријавени се шест починати лица на возраст од 40 до 95 години. Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а пет во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Заболени (вкупно), aктивни случаи (вкупно)
Скопје – 68.563, активни – 395
Куманово – 8.843, активни – 109
Прилеп – 8.309, активни – 56
Тетово – 7.219, активни – 43
Битола – 6.298, активни – 51
Велес – 5.469, активни – 11
Гостивар – 5.179, активни – 28
Кавадарци – 5.153, активни – 8
Охрид – 5.008, активни – 53
Штип – 4.959, активни – 15
Струмица – 4111, активни – 36
Струга – 2.981, активни – 23
Кочани – 2.789, активни – 12
Кичево – 2.568, активни – 40
Гевгелија – 2.194, активни – 9
Неготино – 2.184, активни – 8
Свети Николе – 1.523, активни – 9
Ресен – 1.234, активни – 9
Крива Паланка – 1.219, активни – 3
Радовиш – 1.160, активни – 23
Берово – 1.029, активни – 2
Делчево – 972, активни – 10
Дебар – 940, активни – 1
Виница – 884, активни – 19
Пробиштип – 789, активни – 0
Валандово – 666, активни – 1
Богданци – 494, активни – 2
Крушево – 490, активни – 4
Демир Хисар – 400, активни – 6
Демир Капија – 396, активни – 0
Кратово – 376, активни – 9
Македонски Брод – 359, активни – 1
Пехчево – 268, активни – 0
Македонска Каменица – 249, активни – 3
Дојран – 132, активни – 0