Од фотографиите кои беа ставени на увид на јавноста, материјалите кои ги обработува „Макпетрол“ стигнуваат во тегли за зимница потурени во пластични шишиња, многу непрофесионално за така „акредитирана лабораторија“ како што тврди „Макпетрол“ дека е.
„Супертрејд“ нема да ги смета за релевантни анализите на „Макпетрол“ се додека истите се направени со импровизации. „Макпетрол“ воопшто не смее да зема за анализа примероци за тестирање доколку не ја знаат процедурата и соодветниот метод како да се земе примерок.
Макпетрол треба да знае дека неправилно земен примерок е невалиден примерок, а тој резултат е невистинит и невалиден. Ако Макпетрол е професионална компанија како што се прикажува, тогаш нема да изнесуваат невалидни резултати, доведувајќи ги институциите и јавноста во заблуда, освен ако тоа не им било крајна цел.