Во наредниотпериод Министерството за економија ќе продолжи со поддршка на инвестиции во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија и енергетско поврзување сососедните земји што ќе значи подобрување на целиот енергетски систем во државата, а претставува и еден од најголемите приоритети на Владата во делот на спроведување назелената агенда, истакна Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија Н.Е. Рејчел Галовеј.
Тој информираше и за реализација на проектите од Интервентниот план за инвестиции којшто беше усвоен од Владата за периодот 2021-2027 година и претставува забрзанареализација на проекти во највисок интерес на граѓаните за забрзан раст намакедонската економија.
Сектори и Координимит тëактивитетеве тë министритМинистерот и амбасадорката се согласија дека зголемувањето на економската соработкамеѓу двете земји ќе остане приоритет во наредниот период. Обединетото Кралство е рангирана на второ место на листата на земји со кој РепубликаСеверна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.