Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Нашиот приоритет е целосна интеграција на Ромите

0
By Ivana on June 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 9, 2021 12:50

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со раководителот на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, Орхан Усеин и експертот за политики, Александра Бојаџиева при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата на Република Северна Македонија.

„Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на интеграција на Ромите и останатите ранливи категории на граѓани и тоа преку повеќе проекти кои значат директна поддршка за нив.  За изградба на социјални станови наменети се 69 милиони евра, потоа во соработка меѓународни партнери обезбедени се 412 илјада евра за проектот за собирање и селектирање на отпад, додека 25 милиони евра за Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување во кој еден од принципите е инклузивност и диверзитет”, нагласи министерката Шахпаска.

Советот за регионална соработка веќе пет години го спроведува проектот Интеграција на Ромите, поддржан од страна на Европската унија и Фондациjата Отворено општество.

Целта на овој проект е да се подобри состојбата на ромската заедница и да се премости јазот кој постои помеѓу Ромите и останатото население.

“Покрај социјалното домување, програмата за формализација на неформалната работа е една од нашите најважни цели. Одлично е тоа што Република Северна Македонија сериозно се вложува во оваа насока, како преку Оперативниот план, така и преку  Мечинг фондовите за претприемништво за Роми ”, оцени Орхан Усеин.

Двајцата соговорници констатираа дека од исклучително значење е да се вложува во развој на дигитални и ИТ вештини кај Ромите, за да можат полесно и побрзо да стигнат до информации за предвидена помош, да се вклучат во бизнис секторот, но и кога би имало можност да ги пренасочат своите бизниси во е-бизниси.

домување приоритет Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.