Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши-Насуј: Билатералната трговија помеѓу Македонија и Романија расте

0
By Ivana on June 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 14, 2021 16:38

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт имаше работна средба со романскиот министер за економија, претприемништво и туризам, Клаудиу Насуј. Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи „Недела на македонски производи“ во Букурешт.

-Министерот Бектеши и неговиот колега Насуј разговараа за економските односи меѓу двете земји и можностите за одржување на позитивниот тренд на развој, како и зголемување со нови содржини од заеднички интерес, соопшти Министерството за економија.

Романија, велат од Министерството, е 10-ти најголем трговски партнер на Северна Македонија, а билатералната соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст во последните десет години.

Министерот Бектеши изразил очекување дека оваа билатерална соработка ќе продолжи со позитивен тренд во наредниот период и дополнително ќе се продлабочи и надеж дека Романија како пријателска земја ќе сподели искуства од Европската унија, особено што Северна Македонија, како што рекол,  е на пат за влез во Унијата.

Министерот Бектеши го информирал својот романски колега за економските потенцијали на Северна Македонија и посочил дека Владата креира предвидливи политики за директна поддршка на домашните и странските инвеститори, посебно за високо технолошките и извозно ориентирани компании. Истовремено, како што нагласил министерот Бектеш, се работи на унапредување на царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на попозитивна деловна клима во земјата.

Бектеши потенцирал и дека постои голем потенцијал за унапредување на соработката меѓу двете земји пред сè во делот на на енергетиката, транспортот, туризмот, земјоделството и инфраструкурата, а двајцата министри се согласиле да продолжат со поинтензивна комуникација и заеднички да работат на креирање на модалитети со кои ќе се унапреди економската соработка помеѓу земјите.

Бектеши макдеонија Романија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.