НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Македонија има квалитет и заслужува да биде на европско

0
By Ivana on June 17, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски е задоволен од настапот на своите фудбалери во второто полувреме, вели дека така треба да играме и против Холандија. Македонија одигра меч со две различни полувремиња против Украина, лошо прво и одлично второ во кое не успеавме да го надополниме пропуштеното, па загубвме и на вториот меч.

– Одигравме меч со две различни полувремиња. Во првиот дел целта беше да одиграме попретпазливо, во второто тргнавме да изедначиме. Но примивме еден гол по прекин што е недозволиво, а и сантиметрите во ВАР одлуките беа на страна на Украина. Голот што го постигнаа тие за неколку сантиметри не беше офсајд, а од друга страна голот на Горан беше офсајд, вели Ангеловски.

Во второто полувреме, истакна тој, покажавме зошто сме на Европско првенство, дека оваа Македонија има квалитет и заслужува да биде тука, а кога вашите навивачи ќе ве испратат со громогласен аплауз покажува дека сте одиграле навистина добар натпревар, но нас ни е криво што тоа не беше заокуржено и со позитивен резултат.

– На фудбалерите им кажав дека сме победени, но не сме поразени. Им кажав дека заслужено се во европскиот крем, заслужено се на Европското првенство и треба само така да продолжат како во второто полувреме и против Холандија за четири дена. Фудбалерите се навикнуваат на овој начин на игра, притсокот кој го носи настапот на ЕП е минато. Се надеваме дека против Холандија ќе покажеме добра игра и ќе ги освоиме првите бодови на едно Европско првенство, додаде Ангеловски.

Тој потенцира дека со Холандија треба да одиграме како што го одигравме второто полувреме против Украина.

– Веќе нема никаква бариера кај фудбалерите, сфатија дека можат, сфатија дека имаат квалитет, иако Холандија е апсолутен фаворит на тој меч, ние одиме да се надигруваме со нив, рече Ангеловски.

Ангеловски европско фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.