Просечната нето-плата исплатена по вработен во април во 2021 година изнесувала 28.438 денари, а бруто платата била 42.441 денари. Според Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето-плата годинава е поголема во однос на април лани за 10,1 отсто, додека бруто платата за 10 проценти.
– Зголемувањето на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 проценти), додека зголемувањето на бруто платата е резултат пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (28,3 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (24,1 процент) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,4 отсто), информираат од ДЗС.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на март во 2021 година е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти).
Зголемување, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата во однос на март е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (21,3 отсто), уметност, забава и рекреација (3,4 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 проценти).