Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Од понеделник ќе се издаваат лични документи со новото уставно име

0
By Sashko on June 24, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 24, 2021 14:45

Се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

На прашање од пратеничката Ане Лашкоска, од ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе има пасоши и регистарски таблички, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека во ниту еден момент досега нема застој во издавањето на патни исправи, лични карти, возачки дозволи или било каков друг документ во државата.

Како податок, Спасовски посочи дека во мај се издадени 31.500 патни исправи, 22.552 лични карти и 10.663 возачи дозволи и дека во јуни побарувањето значително се зголемува и само во перидот од 20 до 30 јуни, има 31.500 повици и дадени термини за лични карти.

– Што се однесува на дипломатските пасоши, за тоа сте во право. Старите обрасци, кои што ги имаме, затоа што не била направена добра проценка во одреден момент во МВР не се нарачани и бидејќи, имавме нарачани нови обрасци немаме доволно дипломатски пасоши. Меѓутоа, тоа не е проблем за граѓаните, тоа е проблем за функционерите, изјави Спасовски.

За дипломатските пасоши, рече дека дека ќе треба трпение до 1 јули оваа година.

Во делот на регистарски таблички, Спасовски потврди дека имало одреден проблем и застој со јавната набавка, која се спроведувала и по забелешки од Бирото за јавни набавки била обезбедена конкурентност. Тој проблем со склучување на договорот, посочи Спасовски, е надминат и во понеделникот се стигнати 14 илјади таблички во магацините на МВР.

– Сметам дека е некоректно да се изнесуваат невистини на говорница дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност од 11 милијарди денари. Точно е дека е склучен договор за јавна набавка од крајна итност, за да го покрие перидот од престанокот на договорот, до склучувањето на новиот договор во висина на вредност од девет и пол милиони денари. Новиот договор за јавна набавка, кој што е во транспарентна отворена постапка е на сто милиони денари, за наредните три години, како рамковна спогодба, без ДДВ, појасни Спасовски.

Издавање лични документи Македонија МВР ново име Оливер Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.