НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На игралиштето во кумановска „Соколана” повторно ќе се игра фудбал и ракомет

0
By НОВА ТВ Balaban on June 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вчера се обрати на настанот по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана” во Куманово.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, и други гости спортски работници од општината и од државата.Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:„Ми претставува навистина искрено задоволство да бидам дел од овој настан со кој ја означуваме како готова првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана” во Куманово.

Сега имаме целосно современо и функционално уредено игралиште со акрилна подлога, проширени трибини и дополнителна инфраструктурна опрема, како осветлување и заштитна ограда.

Сето тоа е само дел од севкупната обнова на спортскиот комплекс „Соколана”, гордоста на Куманово и кумановци и еден од најубавите спортски и архитектонски објекти во нашата земја.

Со наредните две фази од целосната реконструкција и обнова со кои ќе бидат опфатени самиот објект, а потоа и кошаркарското игралиште, нашата намера е да го вратиме првичниот сјај и функционалност на „Соколаната” за која се врзани дел од најубавите спомени на граѓаните на овој град. Јас би додал дури и на граѓаните од целата земја кои доаѓаа тука да проследат некои од највозбудливите спортски или други манифестации кои беа тука организирани. Денеска, и во оваа прилика, сакам уште еднаш да истакнам дека одлуката на Владата во 2019 година „Соколаната” да ѝ биде вратена на користење на Општина Куманово, односно на граѓаните на овој град и на околните места, ја сметам за исклучително значајна.

Им го вративме објектот полн со спомени и историја на оние на кои им припаѓа – на граѓаните.

„Соколана” е спортски објект во нашиот град, кој датира уште од доцните 20-ти години на минатиот век и период на кралство Југославија, со зачетоците на Соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа.

Во изминатите децении во „Соколана” се одржуваа единствените и неповторливи кошаркарски турнири, кои беа во центарот на вниманието на спортската јавност во поранешна Југославија.

„Соколана” беше претесна да ги прими сите гледачи, се играше од рано наутро до доцна навечер. Тоа беше место каде што настапуваа: Куманово, Работнички, Вардар, Прилеп, Битола, Штип, Велес, Црвена звезда, Раднички, Партизан, Борац Чачак, Олимпија, Локомотива Загреб, Задар и многу други. Чест и привилегија беше за секој кошаркар да биде дел од кошаркарските спектакли во „Соколана”. Таму се изградија многу познати светски имиња во кошарката, како што се на пример светските великани од 60-тите години, Радмило Мишовиќ и Владимир Цветковиќ.

Плејада гимнастичари се родија и афирмираа во „Соколана”, вредно се работеше под будното око тренерите и стручните лица од различни спортски дисциплини.

Во „ Соколана” се одвиваше и културно-забавен живот. Незаборавни се матинеата и игранките организирани во овој објект.

Водени од респектот кон сентиментите и меморијата поврзана со овој прекрасен објект, како Влада, преку Агенцијата за млади и спорт, ја поддржавме неговата обнова и ставање во полна функција за да го вратиме некогашниот дух на спортски ентузијазам и да создадеме уште едно место за спортски активности на младите и на сите граѓани.

Владата на Република Северна Македонија во последните три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.

Куманово во времето на режимот беше целосно запоставено и воопшто не постоеше на агендата за проекти од страна на тогашната власт.

Така беше и во делот на инвестициите во капиталните проекти во образованието.

Оваа Влада ја направи видлива разликата и на овој план на ниво на целата држава.

Го завршивме надворешниот објект на спортската сала на Средното техничко училиште „Наце Буѓони”. Сега наставата по физичко и здравствено воспитување се одржува во најсовремени услови, за разлика од порано кога одвиваше во импровизирани услови.

Разликата ја прават уште две новоизградени спортски сали во последните три години: една за економското училиште, втората е во училиштето во Черкезе.

Никогаш во Куманово не се градело толку и не се водело грижа за младите и за граѓаните како во последните три години.

Со враќањето на градската спортска сала, познатата „Соколана”, во владение на општината, таа повторно ги отвора вратите за нови спортски настани и успеси и за развој на спортот во општината и во регионот.

Благодарам, и ви посакуван успешна завршница на сите предвидени работи и многу бргу повторно да се собереме за да ја видиме „Соколана” во нејзиниот полн сјај.”

„ Соколана” игралиште Куманово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.