НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Спасовски со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ Која

0
By Ivana on June 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е Клеменс Која. Спасовски се заблагодари за работниот состанок и за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, потврдувајќи ги пријателските односи и партнерската соработка.

Двајцата соговорници, меѓу другото, разговараа и за тековните активности кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи, согласно Планот на активности на Мисијата на ОБСЕ за 2021 година, фокусирани на посебните области на работење на Мисијата, и тоа: транснационални закани, натамошна професионализација и демократско полициско работење.

Во рамки на транснационалните закани, се работи на прашања поврзани со борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје, додека пак, активностите за натамошна професионализација и за демократско полициско работење се фокусираат на стратегиите за човечки ресурси, континуиран професионален развој на полициската служба и демократски полициски практики.

На средбата беше потврдена и меѓусебната соработка во областите на заемен интерес помеѓу двете страни, како и заложбата за натамошна постојана координација и соработка за успешно реализирање на иницираните проекти и активности.

ОБСЕ Спасовски средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.