НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Ние сме Европа и по тој пат продолжуваме да одиме

0
By Ivana on June 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние сме Европа. Сите земји од иницијативата Западен Балкан 6 (Берлински процес) се Европа и јас силно верувам дека ако одиме заедно ќе одиме посилно и побрзо. И додека работиме кон заеднички регионален пазар, правиме чекор напред кон единствениот пазар на ЕУ што ќе ја зајакне нашата економска интеграција, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на денешниот онлајн состанок на министрите за економија на земјите од Берлинскиот процес.

Тој уште еднаш упати порака дека треба да се работи на регионална конкурентност, а не на регионална конкуренција.

– Ова, верувам дека е нашата иднина. Во таа насока на состанокот на Управниот одбор на Западен Балкан 6 – Форум за комори за инвестиции, ја презедов иницијативата за создавање единствени, кохерентни политики за привлекување на странските директни инвестиции за сите сите земји, но исто така и за создавање силен регионален синџир на вредности. Тоа ќе ја подобри нашата конкурентност многу повеќе отколку што може да направи секој од нас – индивидуално, потенцира Битиќи.

Во своето обраќање тој потсети дека на минатогодишниот самит во Софија, земјите од Западен Балкан го прифатија предизвикот да се направат пресвртниците на Зелената агенда за Западен Балкан, како уште една алатка за регионот, за да се приклучи на европските напори обликувани во политиките на Европскиот зелен договор. Овие политики, истакна Битиќи, се наменети за модерни општества, создаваат економско-ефикасни и конкурентни економии каде што растот се раздвојува од емисиите на стакленички гасови, се користи ефективна употреба на ресурси и правилно се менаџира со отпадот и се прават прилагодувања кон климатските промени.

– Зелената агенда опфаќа пет широки области на интервенција кои се опфатени со самиот Зелен договор. Тие се поврзани со декарбонизација, користење на воздух, вода и почва, циуркуларна економија, земјоделство и производство на храна, како и заштита на биодиверзитетот. Генерално, Агендата е холистички, еко-базиран пристап за економски раст и нови деловни можности кои што водат кон одржлива потрошувачка и модели на производство, каде што ефикасно користење и повторна употреба на ресурсите се клучни, бидејќи ниту една финансиска предност нема воопшто вредност, ако не донесе социјална и/ или еколошка корист. Северна Македонија е посветена на овие цели, посочи Битиќи.

Тој информираше дека Владата почна со креирање на првата Национална стратегија за развој 2021 – 2041 година. Во овој стратешки документ за развој на нашата земја, следните дваесет години ќе бидат вметнати Европските зелени политики како составен дел на целокупната стратегија. На почетокот на јуни, дополни Биитќи, Владата усвои Интервентен план за инвестиции, вреден 8,7 милијарди евра, каде значителен износ од 3,1 милијарди евра или речиси 40 отсто е наменет за инвестиции, јавни и приватни, во енергетскиот сектор.

– Ова, во комбинација со ревидираната индустриска стратегија со фокус на секторот производство за периодот 2018 – 2027 година, ќе ги направи реални целите поставени од Република Северна Македонија. Индустриската стратегија ги поставува приоритетите во индустриската политика, почнувајќи од зајакнување на темелите на производството преку зголемување на производствената продуктивност, иновации и трансфер на технологија или трансформирање на индустријата кон зелената индустрија, сите базирани на сектор за производство ориентиран кон знаење и учење, напомена вицепремиерот.

Според него, индустриската стратегија на земјава е усогласена со европската визија за нашето општество преку развој на производствениот сектор, зазеленување на производството, дозволување нови инвестиции и поврзување на СДИ со локалните производители за нивно вклучување во меѓународни/регионални синџири на вредности.

– Нашата земја е исто така во завршна фаза на усвојување на Стратегијата за паметна специјализација за одржлив економски раст. И, како што можете да видите, мојата земја е посветена на постигнување на европски вредности и стандарди и работиме со полна сила, бидејќи веруваме дека припаѓаме во европското семејство, потенцираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот состанок на економски министри од земјите на Западен Балкан.

Европа Македонија Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.