НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин обелодени со која вакцина се имунизирал

0
By НОВА ТВ Balaban on June 30, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Така одлучив намерно. Ме замолија да не откривам за да не се создаде конкуренција. Мојата одлука беше да ја добијам вакцината „Спутник в“. Откако ја примив, имав температура од 37,2 степени навечер, и 36,6 степени наутро. Направив и тест кој покажа дека имам високо ниво на антитела“, рече рускиот претседател, Владимир Путин, одговарајќи на прашања од руските граѓани поставени во традиционалната телевизиска програма „Директна линија“.

Путин додаде дека неговата ќерка ја примила истата вакцина, откако еден граѓанин се заинтересирал која вакцина ја примил Путин и дали воопшто ја примил, со оглед на тоа што видео од неговата вакцинација не е објавено.

Програмата започнала со прашањето за новиот пандемиски бран предизвикан од позаразниот делта сој, како и задолжителната вакцинација за работниците што беше воведена во Москва.

„Реков дека не поддржувам задолжителна вакцинација и стојам на тоа. Со цел да се спречи заклучување, регионите воведуваат задолжителна вакцинација. Натамошното ширење на инфекцијата може да се спречи само благодарение на вакцините“, изјавил Путин.

Рускиот претседател истакна дека регионите се обидуваат да избегнат нов локдаун со воведување на специјални мерки што ќе го заштитат најранливото население.

Оваа година Кремљ доби повеќе од милион прашања преку телефонски центри, текстуални и видео пораки или мобилната апликација „Москва-Путин“.

Прашањата на кои одговара Путин се од различни области – од надворешна политика, до економија и климатски промени, но, како што истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оваа година Русите биле најмногу заинтересирани за здравствената политика и вакцинацијата против коронавирусот. Прашањата за надворешната политика спаднале во втор план, со исклучок на затегнатите руско-американски односи.

За Украина

„Украинскиот народ не е непријателски. Ние сме една нација“, рече Путин во врска со односите меѓу двете земји и најави дека ќе напише аналитички текст за историјата на Русија и Украина.

Тој посочи дека Украина е целосно управувана однадвор, од Вашингтон и делумно од Париз, како и дека нема причина да се сретне со неговиот украински колега, Володимир Зеленски.

Вакцина Владимир Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.