Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Охрид и Отешево денеска и утре во знак на „Преспа форумот за дијалог“

0
By Biljana on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 1, 2021 08:38

Се е подготвено за Првата меѓународна конференција, најголема по својот формат, што воопшто ја има организирано државава а насловена како „Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна “ која се одржува во рамки на Преспа форумот за дијалог. Охрид и Отешево каде овие два дена ќе се реализираат многу панел дискусии, собраа на едно место околу 300 гости тргнувајќи од високи претставници на Американската администрација, шефови на држави и на влади, министри, тинк тенк организации, граѓански сектор како и стотина новинари што само по себе говори за големиот медиумски интерес за ова случување.Темите поставени на конференцијата се пред се поврзани со Европската Унија, нашето пристапување кон ЕУ, интеграцијата на Западен Балкан па се до трансатлантските односи отсликани преку врските САД/ЕУ/НАТО. Организатор на конференцијата е Владата на Република Северна Македонија односно Министерството за надворешни работи.

Конференцијата со воведен говор ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а на неа со свои говори и присуство ќе учествуваат поранешниот Грчки премиер Алексис Ципрас, Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, екс шефицата за заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Роберсон , поранешниот специјален претставник на ЕУ, Ален ле Роа, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, заменикот министер за надворешни на Грција Костас Франгојанис и други. На претседателско ниво ќе бидат претставени Словенија и Црна Гора а на премиерско ниво, Србија, Албанија и Косово. Доаѓаат и 8 министри за надворешни работи.

На највисоко можно ниво ќе бидат претставени ОБСЕ и Советот на Европа, а тука се и генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ, генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу, генералниот секретар на РИКО, Алберт Хани и на Комитетот за демократии, Томас Гарет.

Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа. Овие договори создаваат една нова, алтернативна слика не само за нас, туку и за регионот. На овие договори почива современиот политички и општествен наратив на земјава, кој, пак преставува одличен автентичен модел за успешна имплементација на современите вредности како што е соживотот, еднаквоста, слободата, солидарноста, инклузивноста, демократијата овде на Балканот, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

„Преспа Форум“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.