НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев-Пејчиновиќ Буриќ: Конфликтите во регионот се минато, соработката е иднина

0
By Ivana on July 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев на маргините на „Преспа форум дијалог“ ја прими генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, при што и изрази благодарност за нејзиното учество на големиот меѓународен настан во Охрид, имајќи го предвид искуството и непосредно познавање што таа го има за нашиот регион и претставува исклучителен придонес во дебатите на Форумот.

За време на средбата, како што соопшти владината Прес-служба, премиерот Заев ја истакна долготрајната соработка, поддршката, како и партнерството меѓу Северна Македонија и Советот на Европа во воспоставувањето на стандардите и следењето на нивната имплементација во сферите со првенствен интерес на ова европско тело во областите на демократијата, човекови права и владеење на правото.

Во текот на разговорот беше потенцирана исклучителната соработка и поддршка од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје уште од нејзиното основање во 2012 година, кои опфаќаат различни проекти за соработка.

– Внатрешните реформи се наш стратешки ангажман и процес што го спроведуваме за нас и за нашите граѓани, за да можеме да го подобриме животниот стандард на нашите граѓани, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека европеизацијата е суштинска за нашата интеграција и во тој дел Северна Македонија оди напред и очекува ЕУ да ги тргне пречките за отпочнување на преговарачкиот процес за членство што е можно поскоро.

– Северна Македонија и Советот на Европа се партнери во изградбата на општества во кои ќе се исполнува мисијата на Советот на Европа да не се повторуваат конфликтите како тој од времето на Втората светска војна и дека единствен начин тоа да се реализира е решавање на конфликтите со правните и политичките алатки како што се дијалогот и почитувањето на човековите права, се додава во соопштението.

Во тој дух генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ истакна дека и настанот „Преспа форум дијалог“ е во чест на дијалогот и пријателството како начини за решавање на отворените прашања и дека тие се вратени во регионот, меѓу другото, и благодарение на лидерството и храброста на премиерот Заев и на одлучноста на Северна Македонија да решава проблеми.

– На средбата стана збор и за охрабрувачките позитивни оценки забележани во последниот извештај на Советот на Европа за Северна Македонија, како што се: законските реформи за поголема независност на судството, подобреното опкружување кога станува збор за слободата на медиумите, пристапот на јавноста до информации од јавен карактер, зајакнување на органите за борба против корупција, подобрување на законодавството за антидискриминација, како и некои други реформски процеси, стои во соопштението од Владата.

Заев конфликти Марија Пејчиновиќ Буриќ соработка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.