Романски милијардер, Мирчеа Попеску, кој е еден од најголемите сопственици на најпопуларната криптовалута Биткоин, мистериозно се удавил во Костарика, а неговата смрт создаде хаос на пазарот на криптовалути.
Mилијардерот Попеску (40) се удавил во Плаја Хермоза де Гарабито во Костарика, а неговата смрт предизвикала неизвесност за крипто-валутата од милијарда долари, што ја оставил зад себе, објавија шпанските медиуми.
Станува збор за претприемач и блогер. Ја започнал берзата МПЕк во 2012 година.
Неговото богатство кон средината на април годинава вредело скоро две милијарди долари во биткоини, но, оттогаш, веројатно драматично се намали. Тој, наводно, имал контрола над повеќе од милион монети.