НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со блокирана сметка 11 општини, ДЗР го обелодени извештајот на Основен буџет на РС Македонија

0
By НОВА ТВ Balaban on July 2, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за ревизија на веб страницата го објави конечниот ревизорски извештај на Основен буџет на Република Северна Македонија за 2020 година.

– Од извршената анализа на извештаите за пријавени обврски заклучно со декември 2020 година, ревизијата констатира дека од вкупно 1.380 субјекти, во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските (ЕСПЕО) податоци имаат доставено 1.047 субјекти односно 76 отсто согласно кои доспеани, а неплатени обврски се во износ од 17,8 милијарди денари, што е за 6,7 проценти повеќе во однос на 2019 година, се наведува во извештајот.

Податоците за износот на обврските за 2020 година, се посочува, Министерството за финансии ги објавува на својата веб страна, според кои најголемо учество во вкупните обврски имаат јавните здравствени установи со 41,63 проценти и општините со 20,75 отсто, најмало учество имаат регулаторните тела со 0,01 процент.

– Укажавме на потребата од интензивирање на активностите за воспоставување на надзор на субјектите во однос на целосноста и точноста на пријавените неподмирени обврски, се сугерира во Извештај.

Во Извештајот се наведени и податоци за финансиската состојба на општините при што се заклучува дека нема промени по однос на тоа.

– Во ревизорскиот извештај, од доставената документација од Министерството за финансии, констатиравме дека нема значајни промени во однос на финансиската нестабилност на општините во 2019 година, односно во декември 2020 година, 11 општини во РСМ од вкупно 81 општина, работат и функционираат со блокирана трансакциска сметка, и потребно е ваквата состојба да претставува предмет на анализа од надлежните органи во делот на извршување на пренесените надлежности, пишува во Извештајот.

2020 година ДЗР Извештај Основен буџет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.