НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флекенштајн: ЕУ да размисли како да ги смени правилата за носење одлуки со консензус

0
By Sashko on July 3, 2021 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на Европската Унија (ЕУ) мора да најде начин за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но, исто така, тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија исто така, и сега редот е на Европската Унија.

Ова во интервју за МИА го вели Кнут Флекенштајн, германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент. Член е на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која е дел од Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Тој беше и еден од иницијаторите на „Жан Моне“ процесот во земјава, со цел подобрување на политичкиот дијалог.

Флекенштајн посочува и дека ЕУ треба да размисли како да ги смени правилата на одлучување со консензус, бидејќи според него е неверојатно – како може една влада да ги блокира останатите 26 земји членки и да го држи во заложништво целиот регион.

Германскиот политичар учествуваше на првата Меѓународна конференција Преспа форум за дијалог што се одржуваше на 1 и 2 јули во Охрид.

Господине Флекенштајн, Вие бевте и се уште силен поддржувач на европската перспектива на Северна Македонија. Кое е Вашето мислење, дали може да очекуваме пробив во решавање на прашањето со Бугарија, и Северна Македонија да ги почне преговорите во октомври, за време на словенечкото претседателство со ЕУ?

– Низ годините станав повнимателен со овие реченици. Навистина се надевам, бидејќи Северна Македонија го заслужува тоа. Спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија е билатерален и не треба да биде дел од дискусиите во врска со меѓувладината конференција. Дознав дека речиси и да бил направен пробив, но тоа не било доволно за време на претходното претсетателство. Ако словенечкото претседателство продолжи во таа насока и ако имаме силен комесар кој навистина е посветен и Европскиот парламент кој секогаш бил на страната на Северна Македонија, тогаш може да се надеваме дека може да има прогрес.

Ги споменавте билатералните прашања, дали сметате дека тие треба да се пречка на европскиот пат?

– Се разбира дека не треба да бидат пречка на европскиот пат. Ние имаме свои проблеми во Европската Унија. Имаме правила кои не функционираат некогаш. Знаете дека треба да има консензус од сите 27 членки и тоа е речиси невозможно, особено кога се работи за надворешна политика и за проширувањето да имате вистински одлуки во вистинското време. Ние, во ЕУ, треба да размислиме како да ги смениме овие правила, бидејќи е неверојатно – како може една влада да ги спречи останатите 26 членки и да го блокира целиот регион.

Ако не се одржат првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија во октомври, дали тоа ќе отвори можности за останати влијанија во регионот?

– Се надевам. Европската комисија можеби ќе треба да преговара со бугарската Влада и администрацијата во САД секогаш има идеи како да се справи со ваквите ситуации. Би ценел доколку Бугарија после изборите, земјата има свој став и тоа е во ред, го тргне на страна тоа од патот на кој што одиме сите заедно.

Каков ќе биде кредибилитетот на ЕУ во регионот ако уште еднаш покаже неуспех и не ги испорача ветувањата кон Северна Македонија и Албанија? Каква ќе биде европската перспектива во тој случај за овие земји?

– Пред се, не е ЕУ, на крај тоа не би ви помогнало. Но Европскиот парламент е многу јасен по тоа прашање, бидејќи пратениците се избрани од граѓаните во нивните земји членки. Комесарот е многу јасен. Дваесет и шест од вкупно 27 земји членки се многу јасни. Не сте сами и не сте единствените кои се разочарани.

Постои огромно разочарување и во Европскиот парламент. Од друга страна, Советот мора да најде начин да се одржи меѓувладината конференција, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но исто така тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија, исто така, и сега редот е на ЕУ. Секогаш зборуваме дека е потребно да се спроведат реформи, да се завршат задачите, но сега ЕУ е таа која треба да ја заврши задачата. Убеден сум дека словенечкото претседателство ќе даде се од себе.

ЕУ Кнут Флекенштајн консензус Македонија одлуки Правила
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.