Операцијата врз Папата Франциск е успешна и тој се чувствува добро, соопшти официјален Ватикан. Тој беше примен во болница во Рим вчера попладне поради закажана интервенција на дебелото црево.
Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека 84-годишниот Папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево. Операцијата беше извршена во римската болница Гемели, институција каде се лекуваат папите.
Ова е прва хоспитализација на Папата Франциск по неговата инаугурација во 2013 година.