Завршија финалните натпревари од кошаркарските олимписки квалификации. Нивни победници се репрезентациите на Словенија, на Германија, на Италија и на Чешка кои ги добија последните четири билети за Олимписките игри во Токио.
Така, стана познат и конечниот состав на групите за олимпискиот турнир.
Група А: Иран, Франција, САД, Чешка.
Група Б: Австралија, Германија, Италија, Нигерија.
Група Ц: Аргентина, Јапонија, Шпанија, Словенија.
Најдобрите два тима од секоја група ќе одат во четврт-финале, како и две најдобри третопласирани селекции.
Олимпискиот турнир во кошарка ќе се одржи од 25 јули до 7 август.