Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените од регионот се активираат за поголема вклученост во локалните и националните политики

0
By Mirjana on July 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 5, 2021 11:58

Дваесет жени од регионов, викендов во Охрид се собраа со цел да се запознаат и да се поврзат меѓусебно за заеднички да делуваат за зголемување на нивната застапеност во креирањето и носењето политики на локално и на национално ниво. Конференцијата „Иницијатива 50% родова еднаквост“ е иницирана од Либералниот Институт Скопје и Фондацијата „Борис Дивковиќ“ од Босна и Херцеговина. Ваков вид поврзување за заедничко делување на овој тип прашања и регионално, се одржа за прв пат кај нас, при што резултира со тезата дека во регионот може да се соработува и да се негуваат либералните вредноси, пишува „ Фокус“.

„ Жените треба максимално да се поддржуваат една со друга, а мажите треба да ги охрабрат. Треба да негуваме квалитет пред квантитет“ истакна во оваа прилика, извршната директорка на Либерален Институт Скопје,  Санда Крекиќ.

За пратеничката Моника Зајкова од Либерално Демократска партија, родовата еднаквост е тема на која постојано и гласно треба да се говори. Како жени во политиката од регионот, треба заеднички да соработуваме за иницијативите да се спроведат на терен, вели таа.

„Очекувам поголема вклученост на жените во креирањето на локалните политики .Жените овде знаат и умеат да креираат политики за подобра држава“ изјави Зајкова.

За претседателката на Форумот на жени при ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска , главната задаќа на форумот е да ги мотивира жените проактивно да се вклучат во политиката и да се изградат како зрели политички индивидуи.

„ Отворено дискутираме за сите прашања од интерес на жените но и за мажите. Форумот овозможува градење на капацитетите , промоција на жените, но и поддршка на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата и статусот на жените во општеството.Ние треба да зборуваме гласно и да бидеме подготвени да ги разбиеме конзервативните стереотипи на политичко делување . Да се охрабриме и да се поддржиме меѓусебно во остварување на предизвиците“заклучи Аврамоска Ѓореска.

Фондацијата „Борис Дивковиќ“ спроведе регионално истражување и компаративна анализа што ја потврди ефективноста  и ефикасноста на методите што ги користат ЛДП и Наша партија за зајакнување на политичките капацитети на жените и постигнување на родова еднаквост, вели Адиса Мемишевиќ. автор на публикацијата Политичко учество на жените во либералните партии во Западна Европа и надворешен соработник на фондацијата, пишува ,,Фокус“.

 

 

жени политика регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.