Во изминатите четири години во земјава има 60 000 нови вработувања. Ова во гостување на Телевизија 24 го рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој наведе дека во претходната владејачка гарнитура имало 730 000 вработени, а сега тој број е искачен на 790 000. Битиќи не го изостави растот на просечната и минималната плата.
„Од просечната плата од 22 000 дојдовме до 28 000 денари. Јас знам дека моите сограѓани добиваат повеќе пари во нивните џебови. Нема повеќе плата од 9 000 денари. Секој еден денар нашите жители ќе биде употребен кон привлекување на инвестиции“, рече Битиќи во гостувањето на емисијата „24 анализа“ на ТВ24.