Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Tранспортерите треба полесно да ги минуваат граничните премини

0
By Ivana on July 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 6, 2021 11:29

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во Брдо кај Крањ, Република Словенија учествуваше на Министерски состанок за прекуграничното поврзување на земјите од Регионот на Западен Балкан и Европската Унија во организација на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во своето обраќање Бочварски истакна дека Република Северна Македонија се стреми кон создавање модерен и безбеден транспортен систем кој е прилагоден на потребите на земјата, за обезбедување поголема мобилност на граѓаните како поддршка на одржливиот развој и раст на националната економија.

-Воспоставувањето сигурен и безбеден транспортен систем е исто така еден од нашите приоритети и вклучува подобрување на безбедноста на патниот и железничкиот транспорт, воведување на ИТ технологии и имплементација на интелигентни транспортни системи во транспортниот сектор. Нашата Влада ја промовира регионалната соработка со ставање во центарот на вниманието на регионалната и меѓународната димензија на сите видови на транспорт преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура долж основната и сеопфатната мрежа на TEН-T што минува низ земјата, истакна министерот Бочварски.

Во рамки на дискусијата на темата за подобрување на граничното управување,  министерот истакна дека билатералните договори со соседните земји за заеднички гранични премини се ефикасна алатка за подобрување на транспортот на стока и патници на граничните премини.

Бочварски истакна дека паралелно со билатералните договори, потребно е да се подобри транспортната инфраструктура на граничните премини и по должината на транспортните Коридори 8 и 10.

На министерскиот состанок, присуствуваа министрите за транспорт на Република Грција, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска,Црна Гора, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија.

Во рамки на министерскиот совет тој оддржа и билатерална средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Грција, Костас Караманлис.

На средбата се разговараше за поинтензивна соработка помеѓу двете министерства, како и обновување на железничката линија Битола – Лерин долж Коридорот 10-д.

На маргините на Советот се одржа и средба со асоцијациите на транспортери од Словенија на која покрај министерот Бочварски присуствуваа и министрите од Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

На состанокот се разговараше за олеснување на транспортот на граничните премини, изнаоѓање на начини на поедноставување на процедурите, како и проширување на зелените ленти на граничните прмини со земјите членки на ЕУ од регионот, се наведува во соопштението.

гранични премини патишта транспортери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.