Предвремени парламентарни избори нема да има ниту со локаните ниту наредната година, порача Никола Груевски и го повика Црвенковски да се појави на локаните избори. Свирежите по улиците на опозицијата ќе траат само неколку дена- потоа партијата на Црвенковски има две алтернативи- или да се појави во парламентот и на локалните избори или да го запише СДСМ во политичката историја.
Во врска со процесот на решавањето на спорот со името Груевски нагласи дека нема неговата политичка гарнитура да одлучи за името на државата, туку народот преку референдум.
Опозицијата од своја страна најави дека е подготвена да ги врати пратеничките мандати доколку наскоро не се решение за излез од политичката криза.
Од СДСМ уште еднаш порачаа дека се подготвени на дијалог на заедничка маса, но единствено под услов да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори.
„Апсолутно нема да одиме на локални избори, нема да се вратиме во парламентот, ќе ги вратиме мандатите, а целокупната одговорност за продлабочување на политичката криза, која е најголема во последните десет години, ќе оди на контото на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ“, изјави Андреј Петров од СДСМ.