НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Градиме општество без предрасуди и дискриминација

0
By Ivana on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Република Северна Македонија е држава во која принципот на еднаквост и недискриминација се применува во сите области од општественото живеење: социјалната заштита, здравството, образованието, работните односи и правосудството. Почитувањето и унапредувањето на човековите права и слободи е наш приоритет како Влада, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во видео обраќањето на виртуелната конференција организирана од Меѓународната Колиција за еднакви права во која членува и нашата земја.

Во насока на креирање на политики и преземање на активности за справување со дискриминацијата во државата, министерката Шахпаска ги посочи двата закони кои неодамна беа донесени во нашата драва.

„Минатата година во октомври го донесовме Законот за спречување и заштита од дискриминација во кој за прв пат како основ за дискриминација се дефинирани сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Формиравме Национално координативно тело за недискриминација и еднаквост, со цел промовирање на концептот за недискриминација и еднакви можности како и следење на состојбите на ова поле во сите сфери на општественото живеење“, рече министерката.

Таа посочи дека оваа година по втор пат се одржа Парадата на гордоста, со поддршка на владините институции и граѓанскиот сектор. Сето тоа, придонесе Република Северна Македонија да се искачи 12 места погоре во однос на минатата година, на картата на Раинбоњ во однос на елиминирање на дискриминацијата на ЛГБТ лицата во нашата држава.

„Убавината на мозаикот ја прават различностите. Градиме општество кое се темели на еднаквост слобода и правда. Нашата цел е секој да се чувствува слободно во избор на својата ориентација, професија, остварување на својата визија. Општество кое ќе интегрира, а нема да дискриминира. Градиме општество без предрасуди. Општество во кое секој граѓанин ќе го прави својот избор“, порача министерката Шахпаска.
Оваа конференција претставуваше подготовка во креирање на Глобална стратегија за еднакви права на ЛГБТИ заедницата, на која учествуваа и министри од други земји, како и граѓански организации.

дискриминација ЛГБТ општество шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.