Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Слабо и селективно спроведување на законите за борбата со корупцијата

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: foreignpolicy.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 7, 2021 21:44

Спроведувањето на законите за борба против корупцијата во Северна Македонија на моменти било слабо и селективно ги таргетирало владините критичари и прекршители на ниско ниво, се наведува во извештајот на Стејт департментот за климата за инвестирање во државата за 2021 година. Меѓу другото, во извештајот се вели дека имало кредибилни обвинувања за корупција во полицијата, судството и во многу други сектори.

– Актуелната Комисија за борба против корупцијата (ДКСК), именувана во февруари 2019 година, продолжи со работа по усвојување на новата легислатива за антикорупција во јануари 2019 година, и е особено проактивна оттогаш. Комисијата отвори бројни истраги поврзани со корупција, фокусирани на високи официјални лица од политичкиот спектар, за наводни непотизам и конфликт на интереси, се наведува во извештајот на Стејт департментот.

Во извештајот е потенцирано дека Транспаренси интернешнл Северна МАкедонија ја рангираше на 111 место од 180 по индекс на перцепција на корпуција во 2020 година, што е за пет места подолу од претходната, 2019 година. Во тоа Стејт департментот забележува недостаток на владини напори за борба против корупцијата и судирот на интереси во јавната администрација. Како резултат на јавното разочарување и притисок поради високиот индекс, делумно, го поттикнаа вицепремиерот за борба против корупцијата да воведе етички кодекс за членовите на Владата и сите други функционери назначени од Владата, според кој тие мора да се посветат на транспарентна и одговорна работа, се наведува во извештајот.

Владеењето на правото останува клучен предивик во Северна Македонија, а прекумерно владино, бизнис или политичко мешање во судството и доволно финансирање и управување со административните судове се големи пречки.

– Владата продолжи со големи реформи, во текот на целата 2020 година, за подобрување на судската независност и непристрасност, но спроведувањето на договорите и согледуваните нетранспарентни практики за јавни набавки остануваат предизвик за деловните субјекти, се наведува во извештајот.

Северна Македонија продолжува да биде отворена за комерцијални инвестиции на САД. А, пандемијата длабоко ја погодила економијата на државата и способноста да ги апсорбира странските инвестиции.

– Додека водењето бизнис е генерално лесно во Северна Македонија, и правната рамка во голема мера е во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е постојан проблем, стои во извештајот.

Стејт департментот наведува дека Владата генерално ги спроведува законите, но постојат бројни извештаи во кои е посочено дека официјални лица, односно службеници, остануваат вклучени во коруптивни активности.

закони Корупција Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 14, 2026

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

ВЕСТИ June 14, 2026

И покрај сигналите дека САД и Иран се приближуваат до историски договор за ставање крај…

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.