Времето во земјава ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен ветaр од северен. Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 степена, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температури од 19 степени, а дневната ќе достигне до 39 степени.
И утре нè очекува многу топло време, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.