Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Англија извојува победа над храбрата Данска – финална битка на „Вембли“ против Италијанците

0
By НОВА ТВ on July 8, 2021 СПОРТ
ФОТО: GettyImages
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 8, 2021 09:51

Англија вчеравечер пред 60.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон ја совлада Данска по продолженија со 2:1 (1:1) и избори финале на Европското првенство против Италија.

Англија офанзивно го почна второто полуфинале на ЕУРО2020, но откако го издржа почетниот притисок Данска воспостави контрола на теренот и прва дојде во водство со гол од слободен удар на Микел Дамсгард во 30 минута.

Англичаните ја анулираа негативата девет минути подоцна со автоголот на данскиот капитен Симон Кјаер.

Второто полувреме не донесе голови на „Вембли“, а Англија направи целосен резултатски пресврт во последната минута од првото продолжение. Каспер Шмајхел најпрво го одбрани ударот од белата точка на Хари Кејн, но англискиот капитен прв стигна до одбиената топка и во вториот обид го совлада данскиот голман.

Гледачите на Вембли беа сведоци на вистински спектакл од првата до последната минута. Борбените Данци први постигнаа гол на натпреварот, што сепак не ги скрши домаќините. Тие одговорија многу брзо и успеаја да израмнат пред паузата. Сепак, до крајот на регуларното време, „трите лава“ не успеаја да ја материјализираат својата супериорност и така дојдоа и продолженијата, по што англискиот капитен Хари Кејн стана национален херој.

Така, заврши големото чекање за Англија која конечно го скрши проклетството во полуфиналињата, кое не можеше да го надмине цели 55 години. За Данска останува утехата за одличните покажани перформанси. Момците на Каспер Хјулманд импресионираа и покажаа уникатен борбен дух дури и без нивната голема ѕвезда Кристијан Ериксен. Сепак, „Црвениот динамит“ не успеа да го повтори својот подвиг од 1992 година, кога стана европски шампион, но нивното учество оваа година сигурно ќе се памети уште долго.

Во финалето, Англија ќе се сретне со селекцијата на Италија, која во вторникот ја совлада Шпанија по драма со пенали. Битката за трофејот е во недела на 11 јули во 21:00 часот по македонско време.

 

Англија Данска Евро2020
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.