НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шахпаска: Креираме политики за задржување на младите дома

0
By Ivana on July 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите – членки на ЕУ и Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска утринава присуствуваше на работен појадок, што го организираше австрискиот министер за труд Мартин Кохер за министрите за прашањата од областа на трудот од Западен Балкан.

На состанокот, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, присуствуваа и министерката за цивилни прашања на Босна и Херцеговина, Анкица Гуделјевиќ, како и министерот за финансии, труд и трансфери на Косово, Хекуран Мурати.

Министерката Шахпаска на состанокот истакна дека Република Северна Македонија и Република Австрија досега имаат одлична соработка во доменот на вработувањето, социјалната заштита и социјална инклузија.

Таа се осврна на политиките за подобрено вклучување на младите лица на пазарот на труд, а особено на имплементацијата на Младинската гаранција која ја имплементираме како прва и единствена земја од овој регион на Западен Балкан.

– Имплементацијата на оваа програма за нашата држава даде исклучително позитивни искуства и резултати. Но, сепак се уште има предизвици со кои се соочуваме и кои мораме да ги надминеме. На тоа интензивно работиме. Во тие напори од особено значење би ни била и понатамошната соработка со Австрија и споделувањето на нивните искуства и научени лекции, добри практики во имплементацијата на Младинската гаранција и политиките за млади, како земја членка на ЕУ, нагласи министерката Шахпаска.

Таа ги истакна и напорите кои во овој изминат период Владата на Северна Македонија ги прави за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19 и усвоените пакети на анти-кризни мерки, детално креирани и усогласувани во соработка со социјалните партнери.

Австрискиот министер Кохер информираше за приоритетите на Австрија во делот на пазарот на труд, преминот кон дигитализација и кон зелени работни места, вработувањето и образованието на младите, особено во делот на заздравувањето од Ковид кризата.

Тој го сподели искуството на неговата земја во делот на имплементацијата на образовната гаранција, но и системот за практиканство на младите и во тој контекст, на силната поврзаност со приватниот сектор и компаниите.

Министерката Шахпаска оцени дека за државите од Западен Балкан, вклучително и за нашата предизвик е одливот на едуцирани млади луѓе.

– Ние како држава креираме конкретни политики кои треба да овозможат задржување на младите дома и градење на нивната иднина во Северна Македонија. Во таа насока е и имплементацијата на активните политики за вработување, зголемувањето на буџетските средства кои ги издвојува државата за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Работиме и на рамномерен регионален развој, како и на поттикнување на диверзитетот и на инклузивноста кои ги вградивме како основни принципи во овогодинешниот Оперативен план“, информираше Шахпаска, која се осврна и на тековните реформи во образовниот систем со цел негово што поголемо прилагодување кон пазарот на труд и потребите на младите.

Соговорниците ја нагласија потребата од продлабочување на заедничката соработка во иднина.

Во попладневните часови министерката Шахпаска ќе има обраќање на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите – членки на ЕУ и Западен Балкан

млади програма шахпаска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.