Силен земјотрес од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот дел на Калифорнија, и предизвика лизгање на земјиштето во областа на планините Сиера Невада, а земјотресот се почувствува во речиси целата американска држава.
Најсилниот удар се случил во 15:49 часот по локално време, на околу 200 километри источно од Сакраменто.
Во следните два часа, Калифорнија ја потресоа уште 50 помали земјотреси, со јачина помеѓу 2,5 и 4,6 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот активирал свлечиште, па карпи почнале да паѓаа на автопатот број 395 , каде биле оштетени и неколку возила. Но, за среќа, никој не бил повреден.
Сеизмолошката служба на САД објави дека земјотресот е „резултат на нормално слегнување на тлото“, но дека нема поголеми шанси за појак земјотрес.
Земјотресот се случи на источниот раб на Сиера Невада, но очевидците пријавија потреси низ северна Калифорнија, вклучително и регионот на Сакраменто, а имаше луѓе што го почувствуваа земјотресот и во Сан Франциско.
Earthquake hit us on I395 near Coleville, CA! Boulders all over the road! #earthquake #California #roadtrip @ABC pic.twitter.com/ZoTxLnC6r8
— Brett Durrant (@brettdurrant) July 9, 2021