НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свадби и ковид-19: Четворица сватови во тетовско заразени, за осум се чека потврда

0
By НОВА ТВ Balaban on July 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку четворица заразени со ковид-19 од свадба во тетовско се потврдени во Центарот за јавно здравје во градот под Шара. Епидемиолозите кои денеска земале брисеви од уште осуммина кои, исто така, биле сватови на веселбата, предупредуваат дека е на повидок кластер Свадба, бидејќи мерките за заштита не се почитуваат.

– Кај нас, за жал, се разгорува повторно ситуацијата со ковид-19, бидејќи во последниве денови почна да се зголемува бројот на позитивни случаи од тетовско и тоа како резултат и од многубројните веселби кои почнаа да се одржуваат. Еве денеска имаме резултати од брисеви од свадба во тетовско, каде веќе имаме потврдени четворица со симптоми, тие се сигурно позитивни, а земавме брисеви од уште осум лица кои биле на истата веселба. Граѓаните очигледно не ги почитуваат препораките за заштита од вирусот, па очекуваме пак да се појави нов кластер Свадба, бидејќи овие, но и други веселби, почнаа веќе масовно да се прават и во тетовско, но и во други градови – изјави за НоваТВ д-р Сузана Субашиќ, епидемиолог од Центарот во Тетово.

Таа додава дека речиси две недели немале воопшто нови случаи на ковид-19, додека од  8. и 9. јули бројките почнале да се зголемуваат, а сега за два дена биле пријавени 15 нови случаи.

Според протоколите, дозволено е свадби да се прават и на затворен простор, а маски задолжително треба да носат вработените во угостителките објекти, додека гостите не мора да носат маски, но не смеат да се прегрнуваат и бацуваат. А вработените имаат обврска да контролираат и опоменуваат дали гостите се придржуваат до мерките, што исто така треба да го проверуваат и надлежните инспектори.

Откако делта сојот на вирусот беше потврден кај десет лица во земјата, меѓу кои и кај неколку граѓани од Тетово и кај еден велешанец, министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека нема нови случаи со овој сој, но има со бразилски сој.

– Ситуацијата е мирна, имаме различни сценарија, но важно е да се зголеми колективниот имунитет. Механизмите кои ги имаме, кампањи, теренска вакцинација, ќе придонесат за што поголем број граѓани да се вакцинираат. Веројатно ќе има и нови соеви на вирусот, ќе има и нови мутации, но со рестрикции не може да живееме. Секаде во регионот, ширум Европа, буквално има од сите мутации на вирусот. Што се однесува до делта сојот, нема нови случаи, тие од Тетово се од бразилскиот сој. Затоа го имаме овој пристап, сега го користиме овој инструмент – вакцините, кои лани го немавме, така ќе се заштитиме од сите соеви – истакна Филипче.

Од тетовскиот Центар за јавно здравје нагласуваат:

– Во нашата лабораторија не вршиме секвенционирање на вирусот, тоа се прави во други лаборатории. Последните случаи со делта сој кои беа потврдени во Тетово се таткото и синот, кои се веднаш ставени во изолација, откако беше   случајно откриено дека се инфицирани и тоа правејќи тест пред да заминат за Германија. Апелираме граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од вирусот и да не се опуштаат, иако мерките се олабавени.

Во овој град до вчера се пријавени како активни 55 случаи, а од ковид-19 заболеле вкупно 7296 лица.

Љубица Балабан

 

Заразени Корона свадби сватови тетовско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.