Четири лица, од кои еден службеник, биле повредени со остар предмет, по групна тепачка која се случила вчера во кумановскиот затвор.
– На 11.07.2021 година во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека во затвор во К’шање настанала физичка пресметка помеѓу 8 лица, од кои 4 се повредени со остар предмет, меѓу кои и еден затворски службеник, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
На повредените им е укажана лекарска помош, а СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.