Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа во „благо“ имунизационо потфрлање-земјите во трка по идеи како да стимулираат масовна вакцина

0
By Mirjana on July 13, 2021 ВЕСТИ
photo TRT
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 13:44

Речиси да нема земја во светот, која не се соочува со ниско или незадоволително ниво на имунизација со цел до есента, како што примарно беше таргетирано, да постигне колективен имунитет а со тоа да придонесе во „градење“ на континенталниот имунитет до нивото неопходно за постигнување  на таканаречениот колективен или  ,,имунитет на стадо“.

Пред само неколку дена  лиферуваните податоци од Центарот за превенција и контрола на болести на ЕУ во која живеат околу 450 милиони жители, вакцинирани со една доза имало околу 225 милиони. Комплетно вакцинирани т.е. бројот на  луѓе кои примиле две дози од вакцината, надминува 147 милиони. Изразено во проценти 61,5 одсто од возрасната популација на ЕУ се вакцинирани со една доза, а околу 40 одсто со две.

Плановите на Европската Комисија до јули со една доза да биде вакцинирано 70 одсто од населението, засега може да се каже дека се во „благо“ потфрлање.

Центарот за превенција и контрола на болести на ЕУ, го сондира и индивидуалниот процент на вакцинација во секоја земја одделно.Тој покажал големи разлики и отстапувања од на пр. 78 одсто во Белгија на жители кои примиле една доза до 17 одсто во Бугарија. Трендот со над или околу 70 одсто вакцинирано возрасно население со една доза , го прават и Данска, Малта, Финска и Холандија со процент на вакцинираност од 70,5% до 73,3%.

Земјите што ја заслужуваат ,,магарешката клупа“ во ЕУ со најмалку вакцинирани се Бугарија, Романија, Летонија, Хрватска, Словачка и Словенија. Распонот на процентот е од околу 30 одсто до 46,7% со само една доза вакцинирано население.

Тоа се двата екстрема, на најдобро и на најлошо рангирани земји по спроведувањето на степенот на имунизација во рамките на ЕУ. Просекот е позициониран на 50-60 одсто.

Сите овие бројки алармираат дека ако, нашиот континент посакува колективен имунитет до есен, тогаш треба поголем пробив во процесот на имунизација.

Во трката со времето а пред налетот на новите соеви од ковид-19 и четвртиот можен бран кој некаде е веќе присутен, некои од земјите воведоа задолжително вакцинирање, некои планираат да го направат тоа, а некои засега процесот го,,туркаат“ со позитивни или негативни стимулативни мерки кон граѓаните, како што се плаќање одреден износ на средства на трансакциските сметки, како што направи Србија или со исклучување од државната помош за ковид-19, како што прави Хрватска. Буквално се е во игра.

photo 360

Франција воведува строги рестрикции за оние без ковид-потврда.Ова го најави Францускиот претседател Емануел Макрон, а неговата најава резултира со тоа што експресно се пријавија без малку еден милион луѓе за вакцинирање, со што е срушен рекордот на едновремено пријавени граѓани да примат некоја од анти-ковид вакцините.Шефот на француската држава истакнал дека засега не се планира задолжително вакцинирање, но дека мерките и тоа како ќе ги погодат оние што одбиваат да се имунизираат.

Во Хрватска се води вистинска „претседателско-премиерска војна“ за тоа како граѓаните да се натераат во поголем број на вакцинална заштита од ковид-19. Претседателот Милановиќ најави поддршка за воведување на задолжително вакцинирање, додека премиерот Пленковиќ смета дека воведувањето на рестриктивни мерки за невакцинираните, би дало резултати. „Нема ни теоретски шанси вакцинацијата да биде обавезна“, изјавил Хрватскиот премиер, пренесуваат тамошните медиуми.

Хрватска планира построги рестриктивни мерки да воведе од есен, но за одредени жупании веќе стапија на сила забраните да нема собирања повеќе од 20 лица, ако немаат ковид-потврди, бидејќи собирите се оценети за најголеми „распространувачи“ на заразата. За само ден од воведувањето на мерката, откажани биле голем број на концерти, свадби, родендени  и други слични случувања.

Од порестриктивните мерки, планирани за наесен, Хрватска планира да ја направи недостапна помошта за ковид-19 за компаниите чии вработени не се вакцинирани па дури и да воведе задолжително вакцинирање но, само за одредени структури од Јавната администрација.Се планира и да се забрани влез во големи шопинг-центри за невакцинираните како и по здравствените установи и болници, кои ќе треба да приложат задолжително ковид-потврда.

 

Мирјана Трпческа

 

вакцинација ЕУ процент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

ВЕСТИ May 20, 2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна…

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.