Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боки-13 и Ременски побараа изземање на Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“

0
By Sashko on July 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 13, 2021 13:37

Бојан Јовановски-Боки 13 и Фросина Ременски, обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“, денеска побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска. Според образложението на Јовановски, барањето за изземање на обвинителката е поради новонастанати околности, односно по обработката на дел од податоците од неговиот мобилен телефон кој судот му го вратил.

Според Боки 13, обработени се околу стотина илјади податоци од еден милион и двеста и четириесет илјади колку што имало во мобилниот или 286 фајлови. Тој му укажа на судот дека наишол на бришени податоци во неговиот мобилен, но ќе направи напори преку ИТ алатки да ја врати содржината за што судот ќе добие целосно извештај како ќе се изврши тоа.

– Со застапникот на ова обвинение, јас имам остварено вербална и пишана комуникација во мојот телефон. Лицето се водело по лична омраза и умисла, причините ќе бидат интерпретирани. Со лицето Вилма имам остварено комуникација која на ова усб ќе го доставам, ќе се види како Вилма ме информира за апсења и притвори на повеќе лица, ми дава информации за службени дејствија за да го искористи медиумскиот простор на тогашната 1ТВ. Во оваа комуникација ќе се видат и лични квалификации за одредени лица како постапувала Вилма. Вилма ме информира за апсење на Стевчо Јакимовски и ми вели дека треба да пратам ТВ екипа, истакна Јовановски.

По ова претседателката на судечкиот совет, Софче Гаврилова Ефремовска го предупреди Јовановски дека прво треба да се предадат и одобрат доказите, а потоа да се изнесат.

За обвинетата Фросина Ременски ова е новонастаната состојба и го информираше судот дека и таа се приклучува кон барањето за изземање на обвинителката Рускосвска.

Бранителот на Јовановски, Сашко Дукоски за медиумите појасни дека барањето за изземање е поради огромно сомневање за пристрасност во постапувањето против Јовановски и дека тоа е откриено врз анализата на материјалот од телефонскиот апарат на обвинетиот.

– Барањето се содржи за експлицитна пристрасност на штета на обвинетиот Бојан Јовановски, како во предметот „Рекет“ така и во овој предмет, истакна Дукоски.

За случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки-13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација

Минатата година во јуни, Јовановски и Катица Јанева беа прогласени за виновни во случајот „Рекет“ каде Боки 13 доби затвор од 9 години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева 7 години за злоупотреба на службената положба и овластување.

Боки-13 и Ременски побараа изземање на Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“

„Меѓународен сојуз“ барање Бојан Јовановски-Боки 13 Вилма Русковска изземање Македонија Фросина Ременски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.