НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Драч запленети 11 килограми кокаин откриен во контејнер со банани

0
By НОВА ТВ on July 13, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во албанското пристаниште Драч, во контејнер со банани откриени и запленети се најмалку 11 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Тирана. Контејнерот со назнака „Maersk“ со банани бил натоварен во Екавдор, а меѓу нив биле скриени 14 пакетчиња со дрога. Нарачката пристигнала пред два дена, а полицијата интервенирала денеска кога од компанијата пристигнале да ја подигнат.

Бананите биле нарачка од компанијата „Alba Exotic Fruit“ сопственост на Едуарт Даути. Приведени се две лица – Барјон Гумени, администратор на фирмата и брат на сопственикот и Јурген Османи, вработен во истата компанија.

– Ова е вторпат оваа компанија да ја користат шверцерите со кокаин од Еквадор во Албанија. Во 2017 година, во грчкото пристаниште Пиреја, во контејнер од оваа компанија е откриена количина од 137 килограми кокаин. Во овој случај беа уапсени две лица, додека по едно се уште се трага. Вмешаност на сопственикот на компанијата не беше утврдена, пренесува Ора њуз.

Даути од Франција, каде се наоѓа со семејството, изјавил за телевизијата дека немал сознанија дека во контејнерот со банани била ставена толкава количина дрога.

– Во моментов сум во Франција и не знам ништо за тоа што се случило. Ќе дојдам утре во Албанија и верувам дека ќе ја разјаснам целата своја позиција и на компанијата. Контејнерот во пристаништето Драч пристигнал од пристаништето Пиреја во Грција. Мојата компанија купи банани од компанија во Еквадор. Не сум одговорен за тоа што е ставено во контејнерот по пат. Албанските шверцери ја користат мојата стока за транспорт на нивната дрога, изјавил тој.

Во Драч на 1 април беа откриени 49 килограми кокаин, а на 10 април 140 килограми, скриени во контејнери со банани натоварени во Еквадор.

Драч Заплена кокаин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.