НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Невакцинираните и хронично болните да не одат на свадби

0
By Ivana on July 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невакцинираните и хронично болните да не одат на свадби, советува микробиологот Никола Пановски откако се зголеми бројот на заразени со коронавирусот во Тетово. Тој  ги советува граѓаните да бидат внимателни.

Вели дека само вакцинираните и оние кои го прележале вирусот можат да одат на свадби.  Додава дека повозрасните и сите луѓе кои имаат хронични болести, треба да си останат дома, во интерес на здравјето.

„Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да се вакцинираат и да ги почитуват мерките во затворено. Ако се невакцинирани и одат на свадба и таму има луге од земјите каде се шири делта сојот тоа значи дека се под висок ризик дека ќе се заболат, вели Пановски.

Тој претходно кажа дека најпатриотски гест на сите наши иселеници кои летово ќе си дојдат дома е претходно да се вакцинираат, или да направат барем еден тест за ковид-19, 24 часа пред да тргнат на пат.

Инаку, во Тетовскиот регион активни се 65 случаи на коронавирусот. Денеска во земјава беа регистрирани 21 нов случај на ковид-19, од кои 11 од Тетово.

Комисијата за заразни болести ја следи состојбата во Тетово по зголемениот број на заразени со коронавирусот.

Министерството за здравство соопшти дека по зголемување на бројот на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, за период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба  и е во комуникација со локалниот Центар за јавно здравје.

невакцинирани свадби Хронично болни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.