НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теренската имунизација во Преспа со резултат над очекуваниот

0
By Ivana on July 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постарите со аргументи од животно искуство ги убедуваат помладите со искуства од  социјалните мрежи дека вакцинацијата е неопходна

Акцијата за теренска имунизација против коронавирусот донесе неочекувано добри резултати барем кога станува збор за селата во регионот на Преспа. И покрај дилемите околу ефикасноста на вакцината и нејзините ефекти сепак голем дел од локалното население се одлучи да ја искористи оваа можност.

Добро е што дојдоа, кај да ја носам јас мајка на 80 години од тука до Ресен по овие жештини. Вака си завршивме работа- вели еден од жителите во селата. Само во три села, Брајчино, Љубојно и Долно Дупени населени од едвај 300 жители во четири часа беа аплицирани 45 вакцини воглавно кај постари лица кои не успеале или не биле во можност да одат до вакциналните пунктови во Ресен и Охрид оддалечени од овие села по 25 и 55 километри. Голем дел од популацијата во овој планински регион се вакцинирале а еден дел како што велат ќе го сторат тоа во август или септември со оглед на тоа што веќе ја прележале болеста.

– Заинтересираноста е голема , поголема од нашите очекувања. Во селата Крани и Арвати денеска се вакцинира 60 жители и ќе мора да дојдеме уште еден ден да одговориме на интересот на останатите кои не успеавме да ги вакцинираме денес. Голем дел од населението не се вакцинирал поради лошите транспортни врски на селата со Ресен и Охрид- вели надлежниот на теренскиот тим за имунизација, доктор Коста Замановски.

За вакцинација пројавиле интерес и лица кои се на привремен престој во регионот на кои според доктор Замановски ќе им биде излезено во пресрет да им се обезбедат двете потребни дози.

Впечаток прави што интересот е поголем кај постарите лица додека дел од помладата популација се уште има дилеми околу потребата за имунизација. Пред локалните продавници каде вообичаено се собираат жителите на селата често се слуша дебатата околу вакцинацијата при што постарите лица кои се повикуваат на здравиот разум воден повеќе од своето  животно искуство а помалку од често конфузните или лажни информации кои се шираат по социјалните мрежи се обидуваат да ги убедат помладите да се вакцинираат.

Теренската имунизација  во Преспа ќе продолжи до крајот неделата но ако има потреба како што вели доктор Замановски таа ќе продолжи и наредната недела.

Корона Преспа теренска имунизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.