Докторот Борче Јовчевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори, објави Антонијо Милошоски на фејсбук.
Јовчески е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија, а негов противкандидат од СДСМ најверојатно ќе биде досегашниот директор на царината Горан Сугаревски.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е втор кандидат за градоначалник што го објави, откако вчера го промовираше кандидатот Кирил Пецаков за Охрид. Инаку досега од владеачката СДСМ потврдија 30 кандидати за градоначалници.