НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Компанијата „Дермалог“ е избрана за набавка на терминали за отпечатоци од прсти

0
By Ivana on July 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) ја избра германската компанија Дермалог на тендерот за набавка на техничката опрема за спроведување на локалните избори со отпечаток од прст. Претседателот на Комисијата, Александар Даштевски денеска на прес-конференција соопшти дека таа компанија имала најдобра понуда, ги исполнила условите и дека имала најдобри апарати. Во ДИК во тек е и јавна набавка за апликација за текот на гласање и за првични и неофицијални резултати од изборите.

– Вчера беше избрана компанија која ќе ја обезбеди техничката опрема за спроведување на изборите со отпечаток на прст. На 1 јули заврши постапката по јавната набавка за биометриска индентификација на гласачите со отпечатоци од прст и се пријавија четири компании. Евалуацијата на компаниите заврши вчера и по завршување на постапката Комисијата за јавни набавки ми предложи една компанија за која донесов одлука да биде избрана, информираше Даштевски.

Одлуката, како што кажа, е ставена на веб-страната на Бирото за јавни набавки.

-Компанијата се вика „Дермалог“ од Германија, значи германска компанија и сега трае рокот за жалба, што трае десет дена. До завршување на тој рок, продолжува постапката. Се надевам дека ќе заврши и тоа како што треба, бидејќи тоа не е во наша надлежност и дека сме еден чекор поблиску до остваруање на нашето мото еден гласач еден глас, истакна претседателот на Комисијата.

Даштевски појасни дека врз основа на тоа што го видел од извештајот на Комисијата, таа компанија ги исполнила условите, имала најдобра понуда, и најдобри апарати.

– Поради тоа предлогот го прифатив како веродостоен, рече Даштевски.

Во однос на заштитата на личните податоци на гласачите, претседателот на ДИК кажа дека гаранциите за тоа се предвидени во тендерот и може да се прочитаат во спецификацијата.

-Податоците ќе се внесат од страна на МВР и после ќе се вратат назад така што не можат да бидат злоупотребени бидејќи ние не купуваме компанија, купуваме опрема. Опремата е во наша сопственост, рече Даштевски.

Рокот за достава на техничката опрема, како што информираше тој, е 60 дена, има време до крај на септември да стигне опремата.

-Испораката ќе биде на два пати. Првиот пат ќе биде околу пет отсто, некаде околу 200 апарати и ќе биде извршена обуката. И после тоа остатокот само да се наполни, за што ќе гтреба неколку дена. Повторно не би зборувал зошто не е завршена постапката, рече Даштевски.

Во однос на чувањето и дистрибуцијата на опремата, претседателот на ДИК посочи дека би почекал да заврши постапката за жалби, но дека за сите детали во однос на тоа ДИК ќе донесе Уредба.

-Правилата се утврдени во член 108 а од Законот, а за сите детали треба да донесеме уредба на ДИК во која ќе ги прецизираме работите, рече Даштевски.

ДИК веќе изготви ИКТ стратегија во која се предвидени преземање на сите мерки за заштита од пад на системот, како на минатите предвремени парламентарни избори.

-Преземени се повеќе мерки за да не дојде до таква ситуација. Сметам дека тоа прашање ќе биде надминато. Сега во тек е јавна набавка и за апликација за текот на гласање и за првични и неофицијални резултати, рече Даштевски.

Во однос на Избирачкиот список, тој се ажурира на дневна основа и смета дека ќе биде во ред.

Локалните избори во земјата е предвидено да се одржат во втората половина на октомври.

Дик избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.