НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски: Имаме план „Б“ ако се оспори Законот за изградба на автопатишта

0
By Ivana on July 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како Влада секако дека имаме  разработено варијанти во однос на отпочнување и изградба на коридорите 8 и 10 Д зашто нашиот приоритет, клучна или конечна цел е да имаме модерни и безбедни патишта. По кој принцип и на кој начин ќе се изградат е работа на Парламентот, Владата и сите останати институции, како и на Јавното претпријатие за државни патишта кое е задолжено  за изградба и реконструкција на патиштата во државата и има најголеми капацитети и ресурси во овој дел.

Ова го посочи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во одговор на прашањето дали постои план „Б“ по најавата на Антикорупциската комисија дека ќе го оспори Законот за изградба на автопатишта пред Уставниот суд, при денешната посета на Свети Николе.

– Не би сакал да навлегувам и немам право да навлегувам во однос на работата на Парламентот и на Уставниот суд заради тоа што сите имаат ингеренции во доменот во кој работат и функционираат. Не би сакал да ги коментирам сите овие најави. Секоја институција си има своја обврска, одговорност и ингеренција да работи во државата и не би  ги коментирале нивните обврски и ингеренции, бидејќи Собранието е над Владата и ја бира Владата, рече Бочварски.

Како држава, потенцира, сме демократски поставено општество и Собранието си ги има своите надлежности.

– Парламентарните групи поднесоа закон кој беше усвоен, а коректорот на Собранието секако може да биде Уставниот суд кога би имало иницијатива да одлучува дали одреден закон кој е донесен ги содржи елементите за кои е оспоруван или не. Секако доколку овој закон стапи на сила, а веќе има најави дека ќе биде потпишан од претседателот на државата, ние ќе постапуваме по него, но секој кој што смета дека треба да покрене некоја инцијатива може да го направи тоа зашто ова е демократска држава, прецизира Бочварски.

Собранието неодамна едногласно го изгласа Законот за изградба на автопатишта со кој се предвидува амерканско-турскиот конзорциум „Бектел–Енка“ да ги гради автопатиштата Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Битола-Прилеп по принципот клуч на рака.

закон патишта план б
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.