НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шеријатот ја забрани и музиката од мобилните телефони

0
By on February 4, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Поради кризата во Мали „Пустинскиот фестивал“ што веќе десет години се орджува во Тимбукту, нема да може да се одржи. Но, музичарите велат дека нив никој нема да може да ги замолче. Мала група на луѓе седи и со стравопочит го гледа светски познатиот кора- музичар Јакуба Сиско како се искачува на сцената.

Зозу, музичар од северниот дел на Мали, од местото Гао, еден е од многуте  музичари што се приморани да пребегаат на југот од земјата во правец на главниот град Бамаку. Милитантите кои се во тесна соработка со Ал Каеда ја презедоа контролата врз северен Мали веднаш по воениот пуч минатата пролет  соборувајќи ја  така демократски избраната влада. Оттогаш тие ги забранија сите музички жанрови па дури и музиката за мобилни телефони.

“Се чувствувам многу лошо бидејќи сум од северот. Моите родители се таму и многу стрдаат  а исто така и музиката претрпе многу штета“ вели Зозу.

Милитантите имаат силни врски со криминалното подземје, но во исто време се во религиозен занес. На сила е екстремен облик на шеријатски правила кои вклучуваат и каменување и ампутирање на делови од телото, Гробниците, старите муслимански светилишта изработени од кал и местата што се сметаат за дел од светското културно наследство во изминатиот период беа уништени бидејќи војската вели дека според исламот тие не треба да постојат.

Издадена е и официјална наредба за укинување на западната музика. “ Имам чувство како да се наоѓам во затвор “ вели Зозу.  „ Да се чувствувате дека сте човек, тогаш, потребна ви е слобода. Во моментов работите не одат во добар правец“.

Забраните и  заканите со смрт кон музичарите го укинаа и Пустинскиот фестивал кој секоја година  од 2001 година се одржува во севернит град Тимукту, организатор е Мани Ансар кој вели дека во моментов се е стопирано но тој и понатаму продолжува со организацијата но на друго место и под друго име „Фестивал во егзил“. Го замислил како караван со музичари кој ќе настапува ширум западна Африка а ќе финишира со тродневен настан во Буркина фасо.

“Ние не можеме да се бориме со оружје. Не сакам војна. За мене, единствениот начин за борба е преку  музиката,” вели Ансар. За него, музика во Мали е  многу моќна  : “Музика навистина има посебно место во општеството на оваа земја.  Во нашиот секојдневен живот   музика е насекаде.  Таа е посилна од законот. Некој вид на социјална право, понекогаш посилна од политичко или било која друго засолниште. ”
 
Амкулел  е еден од најпознатите   рапери од новата генерација на Мали и  во своите песни ги употребува  традиционалните инструменти како Кора  или Џембе,  со цел да ги  комбинира традиционалните со модерните звуци. Тој е првиот претставник на овој музички жанр кој настапи на “Пустинскиот фестивал“ во Тимбукту, пред две години. Тој пее за себе, промените, почитта. Настапувал низ целиот свет, заедно со легендарните музичари од Мали, Селиф Кеита, Али Фарка Тур и Тумани Дијабете.

Го привлече вниманието на властите само кога ја  направи песната  “СОС” издадена  осум месеци пред воениот удар во март минатата година, а  во спотот за песната беа прикажани  вооружените лица, раселените жени, мажите кои маршираа – настани кои се случуваа во северен Мали долго пред војската  да ја собори владата. “Сите можеа да почувствуваат дека нешто ќе се случи, бидејќи луѓето беа безнадежни, чекајќи  промени”, вели Амкулел
Тој ја напишал песната  за да привлече  внимание, што, како што вели, за да се спречи она што се случува сега во Мали – со што се зголемува силата на војниците кои силувале и мачеле. Но, оттогаш, песната е забранета во сите државно-контролирани медиуми.

Амкулел  доби закани по животот. “Јас не реков ништо погрешно за владата и затоа не ги разбирам. Ако тие не кријат ништо, тогаш зошто се плашат. Јас ќе продолжам со  тоа што го правам сега како уметник “, вели Амкулел  и со тоа им пркоси на оние кои велат дека музиката на Мали е губење на битката.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.