За да се спречи ширењето на делта сојот, треба да се вакцинира најмалку 80 отсто од популацијата, порача вирологот Сергеј Нетесов во интервју за руските медиуми.
– Според податоците, вакцинираните луѓе исто така може да се заразат од овој вирус, но тие имаат одбранбен механизам. Затоа, најголем дел од нив минуваат без никакви проблеми, или во ретки случаи, со чесни симптоми. Тој малку ја измени структурата на врзување на S протеинот кој полесно се закачува за „вирусниот рецептор“ во човечкото тело, а со тоа ја зголеми специфичноста на клетките со кои комуницира. Судејќи по податоците, делата сојот, освен со белите дробови и со крвните садови, подобро се врзува и со цревата, вели Нетесов.