Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДЗС: Просечната плата во мај достигна 28.721 денари

0
By Sashko on July 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 20, 2021 17:09

Согласно податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај годинава изнесува 28.721 денари, што претставува зголемување за 8,8 отсто во однос на истиот месец лани или за 2.331 денари за една година, соопшти владината прес-служба, посочувајќи дека ова е показател за континуираниот раст на просечната исплатена нето плата во државата.

Според ДЗС, ваквиот раст се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 29 проценти, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 28,7 отсто и други услужни дејности за 14,4 проценти.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано и во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 7 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,5 проценти и снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 5,3 отсто.

Топ три сектори со највисока просечна исплатена нето плата по вработен во државата се информации и комуникации, финансиски дејност и дејности на осигурување, како и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

– Податоците на Државниот завод за статистика го потврдуваат трендот на раст на платите, кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата. Доколку последниот податок го споредиме со јуни 2017 година кога просечната плата била 22.808 денари, разликата е 5.913 денари или тоа е раст од 25,93 отсто. Ако пак ја земеме просечната плата од јуни 2017 година и ја споредиме со јули 2013 година кога изнесувала 21.013 денари, согледуваме дека растот на платата бил 1.795 денари или само 8,54 проценти. Посветени сме на реализација на стапките на економски раст од 4 до 5 отсто и покачување на платите за 20 до 30 проценти се со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата, се нагласува во соопштението на Владата.

ДЗС мај Македонија просечна плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.