НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Африканска чума кај свињите: кампањата се шири во уште девет земји

0
By НОВА ТВ Balaban on July 22, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), втора година е носител на националните активности од регионалната кампања на ЕФСА за подигнување на јавната свест и поддршка на земјите во преземање на мерки за спречување  на појавата и ширењето на Африканската чума кај свињите. Годинашнава кампања, покрај во Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, кои ЕФСА во 2019 година ги идентификуваше како “засегнат регион” поради нивната географска близина со земјите во кои е присутна оваа болест, ги вклучи и Бугарија, Република Чешка, Литванија, Летонија, Полска, Словачка, Естонија, Унгарија и Романија, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Основна цел на кампањата, како што потенцира директорот на АХВ Николче Бабовски, е искоренување на болеста во Европа и таа годинава е насочена кон одгледувачите на свињи и ловџиите како лица кои имаат непосреден контакт со питомата и дивата популација. ЕФСА кампањата ќе ја реализира во соработка со ветеринарните организации, земјоделски и ловечки здруженија, граничната полиција и други релевантни тела во 18 земји, во рамки на која ќе се разменуваат информации и пораки преку дигиталните платформи и социјалните мрежи.

 

Болеста африканска чума кај свињите, за која нема вакцина, предизвикува голема смртност кај свињите и големи економски загуби, за среќа, не е присутна во земјава, иако ја има во соседните и земјите од регионот. Со цел спречување на евентуална појава и ширење на болеста и кај нас, АХВ будно ја следи состојбата. Како одговорна институција  неколку години наназад, спроведени се голем број на  превентивни мерки како што се подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставување на мониторинг на присуство на африканска чума кај дивите свињи, ставање во функција на апликација за пријавување на угинати диви свињи.

 

Реализирани се и голем број едукации на фармерите, ловните друштва, подготвени и испечатени се прирачници за болеста наменети за официјалните ветеринари, ветеринарните друштва и комерцијалните одгледувачи на свињи, кои ја интензивираа соработката и со помалите производители и одгледувачи на свињи. Извршена е и категоризација на свињарските фарми во однос на степенот на ризик и имплементираноста на биосигурносните мерки на фармите и идентификација на свињите.

 

Интензивирана е и соработката со невладиниот сектор, со националните паркови и другите државни органи, во насока на размена на податоци и информации. Одржани се обуки и за царинските службеници кои вршат контрола на личниот багаж на патниците кои влегуваат и транзитираат низ нашата земја со цел спречување на внесување на месо и производи од месо преку кои може да се пренесе вирусот на африканската свинска чума, а засилени се и контролите при увоз на оваа категорија производи. На сила се забрани за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од земјите и регионите каде е потврдено присуство на болеста.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство го изработи и Планот за итни мерки и оперативен прирачник за справување со Африканска чума кај свињите, воведени се засилени мерки и контрола и на добиточните пазари во земјава. Од страна на официјалните ветеринари се вршат засилени контроли на движењето на свињите и спроведувањето на клиничките прегледи на одгледувалиштата со цел рана детекција на болеста.

 

 

африканската чума АХВ ЕФСА свињи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.