Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По отфрлање на жалбата од Апелација: Боки 13 вечерва спроведен во КПД „Идризово“

0
By Sashko on July 22, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 22, 2021 21:17

Бојан Јовановски алијас Боки 13 попладнево е спроведен од домашен притвор во КПД „Идризово“ на издржување на деветгодишната затворска казна што ја доби во случајот „Рекет“. Веста ја потврди и Јовица Стојановиќ, директор на „Идризово“. Наредбата за трансфер на Јовановски е по одбивање на неговата и жалбата на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева од Апелацискиот суд, со што практично беа потврдени првостепените пресуди.

Извори на Нова ТВ брифираат дека Боки 13 во моментот се наоѓа во приемното одделение во „Идризово“, каде ќе остане до моментот додека не се спроведе контролата за тоа каде треба да е сместен – дали во затвореното, дали во полуотвореното или во отвореното одделение. Речиси, 99 отсто е веројатноста, вели изворот на Нова ТВ, Јовановски да биде сместен во полуотвореното одделение, бидејќи периодот што диосега го минал во притвор, а тоа се околу две години, му го дозволува тоа.

– Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираа од Апелационен суд Скопје.

Јовановски беше осуден на казна затвор во траење од девет години за делото „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот „Рекет“.

За Јанева, пак, сè уште не е познатa одлуката на судијата за извршување на санкции и дали до него има поднесено некаква молба за одложување на извршувањето на затворската мерка. Јанева е осудена на седумгодишна казна затвор за делата „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Бојан Јовановски домашен притвор КПД Идризово Македонија Слулај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

ВЕСТИ May 21, 2026

Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија предлагаат модел што би го забрзал приближувањето на Западен…

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.