НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓународен економски форум на 28 и 29 јули во Скопје-учество најавиле 300 фирми

0
By Mirjana on July 23, 2021 ЕКОНОМИЈА
Photo: Mapio.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на 28 и 29 јули ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во рамките на иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“, соопшти денеска Службата за соработка со медиумите на шефот на српската држава.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според најавата, Заев, Вучиќ  и Рама во Скопје ќе учествуваат на Економскиот форум за регионална соработка, организиран од стопанските комори на Северна Македонија, Србија и Албанија.

Според податоците од веб-страницата на Економскиот форум, свое учество на собирот досега пријавиле вкупно околу 300 компании, од кои 175 од Србија, 79 од Северна Македонија, 28 од Албанија, девет од БиХ, како и фирми од Австрија, Тајван, Полска и Грција.

Агенцијата за развој на Србија најави дека како дел од активностите на настанот, предвидени се деловни средби на бизнисмени од регионот по одржување на официјалниот дел од форумот.

Како што вчера изјави српскиот претседател во Скопје ќе бидат потпишани договори за менување на името на иницијативата „Мини Шенген“ и за воспоставување на посебни „брзи ленти“ на граничните премини за побрз проток на граѓаните од регионот.

– Ние работевме на три документи и верувам дека во Скопје ќе ги потпишеме, тие се важни документи за трговијата, работните дозволи и заемната поддршка во случај на пожари, поплави и други катастрофи, што е во интерес на нашите народи, изјави Вучиќ.

Тој изрази уверување дека „ќе биде направено многу за економскиот напредок на целиот регион и за Србија“.

– Ќе се обидеме да се договориме и за други работи на оние земји кои им припаѓаат од Малиот Шенген, кому ќе му дадеме ново име, затоа што нема никаква врска со Шенген. Ќе покажеме дека можеме да одиме уште подалеку. Ако имаме шест или осум ленти за луѓето што доаѓаат од ЕУ, ќе имаме посебни ленти за луѓето од регионот или за овие три земји да можат побрзо да поминат, за луѓето да ја видат придобивката – да можат да поминат побрзо од оние што доаѓаат од ЕУ, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде и дека онаму каде што ќе се постигне договор ќе биде направени т.н. „fast track“ (брз пат). – Ќе направиме фитосанитарна инспекција 24/7 за да можат нашите бизнисмени да работат побрзо и да можат да остварат поголема заработка и профит, додаде Вучиќ.

Иницијативата која досега се нарекуваше „Мини Шенген“ има за цел воспоставување на заеднички регионален пазар, кој, како преодна форма, треба да го приближи регионот кон ЕУ и да го забрза патот кон полноправното членство за земјите од Западниот Балкан. Заедничкиот пазар на Западниот Балкан, согласно оваа иницијатива, се заснова на принципите на слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, исто како и во единствениот пазар на ЕУ

 

Економски форум Јули Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.