Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Ирак веќе не му се потребни американски војници за борбата против ИД

0
By Biljana on July 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 25, 2021 10:03

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими изјави дека на неговата земја веќе не и требаат американските трупи за да се борат против таканаречената Исламска држава, но формалната временска рамка за нивно прегрупирање ќе зависи од претстојните разговори со американските власти, на почетокот на следната недела.

Ал-Кадими за американските медиуми кажа дека Ирак ќе продолжи да бара помош од САД за обука и воено-разузнавачки податоци.

Ирачкиот премиер утре ќе замине за Вашингтон, каде треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, со кого ќе ја предводи четвртата рунда стратешки преговори, јавуваат американските медиуми.

„Нема потреба од никакви странски трупи на ирачко тло“, рече ирачкиот официјален претставник, додавајќи дека ирачките безбедносни сили и војската се способни да ја бранат земјата без коалициските сили предводени од САД.

Ал-Кадими додаде дека евентуалното повлекување на американските војници ќе се темели на потребите на ирачките сили, што минатата година покажаа дека можат сами да извршуваат независни мисии против Исламската држава.

„Војната против ИД и подготвеноста на нашите сили бараат посебна временска рамка, а тоа ќе зависи од преговорите што ќе ги водиме во Вашингтон“, додаде ал-Кадими.

САД и Ирак во април се согласија дека преминот кон мисија за обука и советување ќе значи дека ќе заврши борбената улога на американската армија во оваа земја, но тие не се согласија за временската рамка кога транзицијата на мисијата да заврши.

На утрешниот состанок во Белата куќа, Бајден и Ал-Кадими се очекува да ја прецизираат оваа временска рамка, која најверојатно ќе биде до крајот на годината.

САД од крајот на минатата година во Ирак задржаа околу 2.500 војници, со наредба на поранешниот претседател Доналд Трамп.

ИД Ирак САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.