НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собраниска расправа за Буџетот

0
By НОВА ТВ on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието трет ден одржува општа расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот во кој се вметнати и осумте амандмани усвоени на матичната Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа може да трае пет дена. Во текот на расправата пратениците од власта нагласија дека ребалансот е развоен и дека со него се зголемуваат средствата за инвестиции и за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19, а нивните колеги од опозицијата порачаа дека претставува предизборен поткуп и одраз на неодговорното работење на Владата.

Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање посочи дека со ребалансот на Буџетот нема да има инвестиции и развој и нема да биде наменет за закрепнување на економијата како што вели власта.

За првите шест месеци од годинава, посочи, има зголемување на буџетскиот дефицит за 33,2 процени со што достигна 752 милиона евра. Во следните месеци, како што кажа, ќе се задолжиме со нова една милијарда евра за која не се знае за што ќе се троши.

Ја обвини Владата за немање соодветна економска политика поради што странските инвеститори ја заобиколуваат земјава и за непродуктивно трошење на средствата.

Драгица Ѓавочанова од СДСМ, пак, истакна дека 15 милиони евра во ребалансот се неопходни за добивање бесплатен оброк за сите редовни студенти на државните универзитети на чии трансакциски сметки секој месец ќе се слеваат по 2.400 денари за таа намена. За санација и изградба на детските градинки се неопходни 20 милиони евра,…

За Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ министерот за финансии Фатмир Бесими со овој ребаланс и противречи на Народна банка, Светска банка, ММФ и на Европската комисија.

-Веќе петта година тече како животот во Македонија стана се поскап, а граѓаните се посиромашни. Со една просечна плата им недостигаат 100 евра за основни трошоци, рече Стојаноска.

Посочи дека со ребалансот се намалуваат средствата за капитални инвестиции и неговата единствена намена, како што рече, е за изборен поткуп. За првите шест месеци од годинава, додаде, јавниот долг порасна за 276 милиони евра.

Нејзиниот сопартиец Бране Петрушевски потенцира дека ребалансот  пред се е изборен, а воопшто не е развоен.

-Ребалансот апсолутно е во насока на предизборен институционален поткуп… Го уништувате и го упропастувате бизнисот и стануваме предмет на потсмев од економски бизнис аспект на соседните држави. Владата воопшто нема антиинфлациски мерки туку, напротив, се труди да ја поттикне инфлацијата преку воведување нови такси за горивата и нови даноци, рече Петрушевски.

Лолита Ристова од СДСМ нагласи дека и ребалансот исто како и претходно Буџетот се движи во насока на справување со последиците од корона кризата преку зголемување на обемот на инвестиции за компаниите, како и отворање работни места.

-Се води сметка на расходната страна да бидат ограничени определени непродуктивни трошења, односно тие се сведени на минимум. Имаме план како да се менаџира буџетскиот дефицит и да се овозможи заздравување на економијата, рече Ристова.

Скендер Реџепи од Алтернатива посочи дека државата е во лоша состојба поради лошото менаџирање на кадрите од ДУИ.

-Затворени се илјадници бизниси заради не добивање помош за време на пандемијата, особено во угостителството, а во исто време некои компании бележат екстра профити. Играта со ребалансот на Буџетот треба да престане. Не му личи на Собранието толку ниско да паднат граѓаните, рече Реџепи и спомена многу примери на инфраструктурни и еколошки проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Порача дека ребалансот на Буџетот треба да биде еднаков за сите општини и за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност.

Во реплика Диме Велковски од СДСМ му рече дека ребалансот се носи за сите граѓани без разлика кои се и што се.

Собраниската расправа за ребалансот на Буџетот ќе продолжи утре.

буџет пари Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.