НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Закани со гилотина за политичарите кои се залагаат за здравствен пасош во Франција

0
By НОВА ТВ on July 27, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откриени се две гилотини во Ланд-Франција, на кои се наоѓа список со имињата на 350 политичари кои ја пофалиле „храброста на одлуките донесени од Емануел Макрон“, во трибината објавена на 18 јули во Журнали ди диманш, јави дописникот на МИА. Бернард Тасет, градоначалник на Самадет, во Ланд, каде беа пронајдени двете гилотини поднесе пријава. Тој е особено лут и вознемирен од поединците кои оставиле дрвена гилотина на паркинг во неговиот мал град со 1.200 жители, пред Дом за стари лица. На машината, со височина од речиси два метра, е ставен список со неколку стотици избрани француски политичари кои се изјаснија за воведувањето на здравствен пасош.

На гилотината е ставен и текст што сугерира дека одговорноста за ова ја презема „комитетот на Жан Мулин“, кој вели дека се бори за почитување на основните права на граѓаните. Контактиран од нашите колеги од Франс Блу Гаскоњ, комитетот негира дека тој стои зад ваквиот чин.

–Ние не преземамае одговорност за таква акција.  Комитетот Жан Мулин никогаш не направил  гилотина и не повикал да се направи тоа , било речено од комитетот.

„Пораката против избраните не е безопасна. Ова е многу сериозно. И навистина не разбирам зошто е сторено такво дело. Повеќето од жителите на Самадет се за здравствениот пасош. Денеска мора да бидеме на околу 80 или 85 отсто од стапката на вакцинирани во градот“, потсети Бернард Тасет за „Фигаро“.

И градоначалникот нагласува дека „за време на кризата, негувателите и медицинскиот персонал беа примерни во улогата на заштита на населението“. Бернард Тасет веќе поднесе пријава и се надева дека одговорните ќе бидат казнети за своите постапки. За што треба да се отвори истрага од жандармеријата.

На неколку километри од Самадет, во градот Геон (Ланде), исто така, е откриена слична гилотина на плоштадот пред градското собрание.

Гилотина Макрон Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.