Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пандемијата ги турна Индијците во огромни долгови за лекување

0
By НОВА ТВ Balaban on July 28, 2021 АНАЛИЗА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 28, 2021 11:06

Во Индија, сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, огромните сметки за здравствена заштита се ноќeн кошмар за милиони луѓе. Повеќето Индијци немаат здравствено осигурување, а трошоците за лекување на ковид-19 ги фрла во долгови, јавува Beta/AP.

Според искуството на родителите на еден од пациентите, агенцијата АП дојде до информација дека досега дале повеќе од 50.000 американски долари за итни служби, тестови, лекови и сместување во болница, од кои половина е помош од други, а остатокот се позајмени пари што треба да се вратат.

Таткото на болното момче, отпуштен експерт за маркетинг, вели: „Јас бев неговиот горд татко, и сега станав просјак“ и тој не знае како ќе плати за тоа, бидејќи третманот продолжува.

Пандемијата ја уништи индиската економија, носејќи им финансиска катастрофа на милиони луѓе оставени во милост и немилост на хронично недоволно финансиран и распарчен систем на здравствена заштита. Експертите велат дека ваквите трошоци ќе го попречат целото економско закрепнување на таа огромна земја.

Дури и пред пандемијата, пристапот до здравствената заштита во Индија беше проблем.

Индијците плаќаат 63 проценти од медицинските трошоци од свој џеб. Ова е типично за многу сиромашни земји со несоодветни владини услуги.

Тешко е да се добијат податоци за општите медицински трошоци на граѓаните за време на пандемијата, но јасно е дека во Индија и во многу други земји, лекувањето на Ковид претставува огромен дополнителен товар бидејќи се изгубени стотици милиони работни места.

Многу работни места се вратија во Индија кога градовите повторно се отворија по тешката блокада во март 2020 година, но економистите се загрижени за трајно губење на околу 12 милиони платени работни места. Само од април до јуни оваа година, 40 проценти од 4500 јавни кампањи во Индија во врска со Ковид-19 биле барања за собирање пари за плаќање на лекување.

Пандемијата „протера“ 32 милиони Индијанци од средната класа, што се проценува дека го прават оние кои заработуваат од 10 до 20 долари на ден, покажува студијата на американскиот центар за истражување Пју, објавена во март. Се проценува дека кризата во Индија го зголемила бројот на сиромашни луѓе за 75 милиони – оние кои имаат приход од два долари на ден или помалку.

Така, семејство во градот Имфал, 2.400 километри североисточно од Њу Делхи, не можело да го однесе телото на починатиот роднина од болницата се додека не плати за лекувањето, што ги избриша заштедите на семејството. Но, остана долг од уште 1.000 долари.

Реформата на здравственото осигурување што ја започна премиерот Нарендра Моди во 2018 година требаше да опфати околу 500 милиони од 1,3 милијарди жители во Индија и да биде важен чекор во намалувањето на медицинските трошоци. Но, тоа не ги покрива трошоците за примарна здравствена заштита и амбулантски услуги, кои го сочинуваат поголемиот дел од она што се уште се плаќа од џеб, и ниту пристапот до здравствена заштита ниту заштитата на болните од финансиски ризик се подобрени.

Американскиот универзитет Дјук и индиската фондација за јавно здравје утврдија дека трошоците за лекување во одделенијата за интензивна нега за пациенти со Ковид-19 во Индија изнесуваат скоро 16 месечни плати на просечен работник или седум до 10 месеци подобро платени.

Лошото финансирање на здравствената заштита, со само 1,6 проценти од БДП на Индија, е пропорционално помалку од она што го трошат неспоредливо помалите земји, како Лаос и Етиопија. Резултатот е слаб јавен здравствен систем и лошата грижа принудува многумина да влезат во приватни болници каде им се наплатува 1.300 долари или повеќе на ден за лекување.

Индијците лекување огромни долгови Пандемијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.