Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Измени во Кривичниот законик: Се воведува ново кривично дело „демнење“

0
By Sashko on July 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 28, 2021 11:05

Владата на денешната 92. седница го утврди текстот на Предлог-законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци заради цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, на Законот за Академија на судии и обвинители, Законот за парнична постапка, на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и на Кривичниот законик.

Како што соопшти владината прес-служба, со измените и дополнувањата во Кривичниот законик, меѓу другото, се предлагаат членови со кои во иднина напад врз новинар, снимател или фоторепортер ќе се третира исто како напад врз службено лице.

Со другите измени што се предлагаат како дополнувања на Кривичниот законик се предвидува ново кривично дело „демнење“ за да се обезбеди заштита на жените од сексуално и секакво друго вознемирување преку каналите за комуникација, вклучувајќи и преку интернет.

Со предложените измени на Законот за граѓанска одговорност е предвидено значително намалување на сумата што ќе ја плаќаат новинари за загубен спор за клевета или навреда од сега предвидените 2.000 евра на максимални 400 евра.

Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини со кој се воведуваат повеќе новини како што е овозможувањето и општините да поднесат барање за добивање на концесија за експлоатација за потребите за изградба на општински пат.

Дополнително со новите предложени измени се уредуваат причините за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација од страна на концедентот доколку се утврди битна повреда на одредбите од договорот или на законите и прописите што се применуваат на договорот, во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува јавниот интерес и кога концесионерот врши експлоатација надвор од просторот на кој е доделена концесијата со договорот за концесија.

Владата на седницата го разгледа и го усвои текстот на Меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска за спроведување на Проектот „Воспоставување на единица за координација на инфраструктурни проекти“.

Проектот, како што се посочува, има за цел да придонесе во напорите на Владата да ги зајакне ефектите на инвестициите во јавната инфраструктура врз економскиот раст, создавањето работни места, зачувувањето на животната средина и квалитетот на животот.

– Активностите на проектот ќе резултираат со зајакнат институционален капацитет на Владата на Северна Македонија за управување со јавна инфраструктура од големи размери преку поддршка на воспоставување и капацитетирање на Единица за координација на инфраструктурата (ЕКИ) на централно ниво, стои во соопштението.

Влада Демнење измени Кривичен законик Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.